Работнички го ангажираше Бојан Ѓоргиевски

Македонскиот прволигаш Работнички го доведе и деветтото засилување во зимскиот преоден рок. Нов член на „романтичарите“ е Бојан Ѓоргиевски, интернационалецот кој досега настапуваше за албанскиот клуб Камза. Тој потпиша едногодишен договор со „романтичарите“.

Бојан Ѓоргиевски во Македонија настапуваше за Вардар, Металург, Победа и за Хоризонт Турново. Настапува на десната бековска позиција.

Работнички ги заокружи подготовките во Турција каде одигра три пријателски натпревари и се врати во Скопје, во пресрет на стартот на пролетниот дел од шампионатот и дуелот со Ренова.

Се вчитува...