Работнички продолжува со ангажман на нови засилувања. Нов фудбалер на „романтичарите“ е Драган Стојков. Тој потпиша едногодишен договор со клубот од Дебар Маало и доаѓа од редовите на второлигашот Беласица.
Драган Стојков (31) има богато интернационално искуство, има настапувано за грчките клубови Егалео и Илисијакос, српските тимови Јагодина и Напредак Крушевац, а голем дел од кариерата помина и во Соединетите Американски Држави, каде беше член на ЛА Галакси, Инди и Сент Луис.
Минатата сезона Драган Стојков имаше 29 настапи во дресот на Беласица. Во струмичкиот тим тој и ја почна кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА