Работнички го ослободи Чарлс Гофри, се враќа во Скендербег

По серијата засилувања за пролетниот дел од шампионатот, ФК Работнички се одлучи да го ослободи од обврските камерунскиот напаѓач Чарлс Гофри.

21-годишниот Гофри во редовите на „романтичарите“ беше на позајмица од албански Скендербег. Но, сега е ослободен од обврските, па, како што пренесуваат албанските медиуми, повторно се враќа во редовите на Скендербег.

Работнички оваа зима во офанзивата се засили со поранешните македонски репрезентативци Баже Илијоски и Дејан Блажевски, како и со Бразилецот Жунињо Кабрал, по што сосема извесно беше заминувањето на Гофри.

Се вчитува...