Работнички го освои Тетово, Вардар повторно на двоцифрена дистанца

Работнички ја продолжи романтичната пролет со триумф (0-1) над Шкендија во Тетово, а Вардар славеше минимално (1-0) над Струга Трим Лум и повторно има двоцифрена предност на врвот на табелата. Силекс ремизираше (1-1) на Чаир против Шкупи и се искачи на втората позиција, над Шкендија.

Продолжува кризата на Академија Пандев, не успева да најде лек ниту новиот тренер Александар Таневски. Налетот на Ренова продолжи и во Струмица, а „гипсарите“ славеа со 0-1 со голот на Башким Велија во 38.минута, а по грешката на голманот Дураковиќ.

Работнички го освои Тетово. Во 54.минута, домашниот голман Костадин Захов направи катастрофална грешка по корнерот на Себастијан Херера, сам си ја спроведе топката во мрежата, а голот го потврди Давид Тошевски. До крајот, Шкендија остана со деветмина фудбалери на теренот поради црвените картони за Јан Кривак и Зија Мерџани.

Вардар умешно го искористи новиот „кикс“ на Шкендија и ја победи Струга Трим Лум со 1-0. Евгениј Новак го постигна победничкиот гол за „црвено-црните“ во 69.минута од мечот.

Борец го избегна дното со триумфот од 0-2 на гости во Ѓорче Петров против Македонија ЃП. Никола Радовиќ во 17.минута донесе водство за велешкиот прволигаш, а Дарио Десниќ уште еднаш ја затресе мрежата на „лавовите“ во 25.минута од мечот.

Шкупи ремизираше (1-1) против Силекс на Чаир. Дембо Дарбое во 24.минута донесе предност за чаирчани, но Иван Ивановски во 85.минута го израмни резултатот и освои бод за кратовскиот тим.

ПРВА ЛИГА, 23. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 0-1

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ 0-2

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РЕНОВА 0-1

ШКУПИ – СИЛЕКС 1-1

Табела: Вардар 46, Силекс 36, Шкендија 35, Ренова 31, Шкупи 29, Македонија ЃП 29, Академија Пандев 28, Работнички 28, Борец 27, Струга ТЛ 25.

Се вчитува...