Работнички го потпиша младиот напаѓач Бојан Миовски од Брегалница

Македонскиот прволигаш Работнички продолжува со својата стратегија за ангажман на млади и талентирани фудбалери од нашата земја. Клубот објави дека од денеска нов член на „романтичарите“ е младиот напаѓач Бојан Миовски. Тој се обврза на тригодишна верност кон клубот од Дебар Маало.

Бојан Миовски доаѓа од редовите на Брегалница, каде минатата сезона веќе настапуваше во прволигашка конкуренција, иако има само 18 години.

По настапот во Лигата на Европа, каде доживеа елиминација во второто квалификациско коло од Динамо Минск, тимот на Работнички полека се фокусира на новата сезона во Првата лига, која стартува на 13 август.

Се вчитува...