Работнички го прескокна Феникс за место во полуфиналето во плејофот!

Работнички е првиот полуфиналист во плејофот од Првата македонска кошаркарска лига откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ славеше против Феникс со убедливи 91-106 за конечни 3-0 во четвртфиналната серија.

Иако се играше израмнето прво полувреме, од самиот почеток беше јасно дека тимот од Градски парк е цврсто решен вечерва да го одлучи пласманот во полуфиналето од плејофот.

Па, гостинските кошаркари целосно го скршија отпорот на Феникс во второто полувреме. Третиот период од играта Работнички го доби со 19-34 што беше одлучувачки околу конечниот победник. Во последната четвртина само рутински се одржуваше предноста за триумф од 91-106.

Рикиќ со 24 поени, 10 скока и четири асистенции беше најдобриот во победата на Работнички, а Ѓуровски запиша 18 поени. Џелетовиќ мечот го заврши со 17 постигнати поени. Кај Феникс се издвои Метјус со 18 поени.

Се вчитува...