Работнички го претстави петтото засилување – Жоел Бопесу од ФК Скопје

Македонскиот прволигаш Работнички го доведе петтото засилување во овој летен преоден рок. Се работи за францускиот интернационалец Жоел Бопесу, кој во изминатите шест месеци настапуваше за ФК Скопје. Тој потпиша едногодишен договор со „романтичарите“ и ќе ја засили левата странична позиција во тимот.

„Потпишавме едногодишен договор со францускиот интернационалец Жоел Бопесу. Се работи за квалитетен фудбалер кој игра на левата бековска позиција и е веќе добро запознат со условите во македонскиот фудбал. Се надеваме дека ќе се вклопи успешно во нашиот тим“, изјави спортскиот директор Иван Поповски за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...