Работнички го претстави Силјановски: Повторно „романтичар“ до јуни 2020 година

Горан Силјановски се врати во ФК Работнички. Тој потпиша договор до јуни 2020 година и денеска е претставен како ново, осмо засилување за „романтичарите“. Тој веќе се приклучи на тимот на Жикица Тасевски на подготовките во Анталија. Искусниот десен бек повторно ќе го носи дресот на клубот од Дебар Маало по периодот од 2013 до 2017 година. Тогаш од Работнички замина во албанскиот клуб Фљамуртари и сега одлучи повторно да се врати назад.

„Среќен сум што повторно сум дел од Работнички“, изјави Горан Силјановски за официјалниот сајт на клубот.

 

Се вчитува...