Работнички го продаде Емир Сахити во Хајдук Сплит

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички продолжува со својата стратегија, за продажба на младите и талентирани фудбалери надвор од границите на Македонија. Клубот н својот официјален сајт објави дека успешно е комплетиран трансферот на младиот играч за врска Емир Сахити, кој е нов фудбалер на хрватскиот клуб Хајдук Сплит.

Талентираниот играч досега беше позајмен на сплитските „били“, по што Хајдук Сплит и официјално го откупи неговиот договор. Претходно, за Емир Сахити беше заинтересиран и Динамо Загреб.

Се вчитува...