Работнички го продолжи договорот со Робев

Комплетирајќи го играчкиот кадар за новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига, КК Работнички го продолжи договорот со еден од своите најдобри кошаркари, репрезентативецот Дамјан Робев.

Откако претходно, по назначувањето на новото раководство, беше доведено и првото засилување во името на Американецот Дерин Говенс од ТФТ Скопје, сега следи уште еден важен потпис.

Искусниот бек во Работнички е од 2024 година, сега продолжувајќи ја соработката на задоволство на Владимир Мирковски.

Од Работнички најавуваат за деновиве продолжување на соработката со уште неколку истакнати првотимци од минатата сезона.

Се вчитува...