Работнички го совлада Сабуртало во Анталија

Македонскиот прволигаш Работнички го совлада грузискиот тим Сабуртало со 2-1, на првиот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Сите три гола беа постигнати во првиот дел. Двоен стрелец за „романтичарите“ беше Баже Илијоски, додека за Сабуртало погодок постигна Гурами Гоштелиани.

Во првото полувреме Работнички настапи со следниот состав: Јанков, Силјановски, Вијачки, Димитровски, Херера, Петровиќ, Шаркоски, Кабрал, Пеев, Петковски, Илијоски. Во второто полувреме играа: Божиновски, Борха, Стојчевски, Ацковски, Дулгеров, Блажевски, Симоновски, Тодоровски, Гофри.

Се вчитува...