Работнички го врати искусниот Егзон Белица во своите редови

Работнички промовираше уште едно засилување за новата сезона, овој пат враќајќи го во своите редови искусниот централен дефанзивец Егзон Белица.

32-годишниот Белица настапуваше за „романтичарите“ во сезоната 2010/11, за да потоа реализира и богата интернационална кариера во албанска Беса, романска Конкордија, Интер Турку во Финска, Рига во Летонија, па Партизани Тирана во Албанија за да минатата сезона настапува за косовска Приштина од каде сега се сели во Работнички.

Белица во македонскиот шампионат има настапи и за Охрид и тетовска Шкендија.

Се вчитува...