Работнички и Академија Пандев со европски фокус во пролетна офанзива

Работнички ја пречекува Реновa на арената „Филип Втори“ во првиот пролетен дуел. Жикица Тасевски реновираше многу во зимскиот преоден рок, а едно од најголемите засилувања секако е најдобриот голгетер во историјата на македонскиот фудбал, Баже Илијоски. Тој најавува атака на трите бода, но со целосен респект и кон составот на Ренова.

„Победата е наш фокус. Ќе сториме се за да ги освоиме трите бода на пролетната премиера. Но, тоа нема да биде нималку лесно. Ренова е квалитетен состав, нивна голема предност е воиграноста, играат одличен фудбал. Но, и ние веруваме во нашите квалитети, добро се подготвуваме во зимскиот период и сега е време тоа да го покажеме“, вели Баже Илијоски за официјалниот сајт на клубот.

Академија Пандев од третата позиција ја стартува пролетта и не би имале ништо против избраниците на Југослав Тренчовски таму и да го завршат шампионатот. „Пандевци“ во генералката убаво го преслушаа Вардар, а денеска ќе го пречекаат тимот на Македонија ЃП на стадионот „Младост“ во Струмица. Атмосферата во тимот е на највисоко ниво и струмичани најавуваат триумф.

Се вчитува...