Работнички и Пелистер за излез од кризата, Вардар во Кратово за продолжување на победите

Работнички и Пелистер веќе долго време не знаат за победа во шампионатот на Македонија. Сето тоа ги носи го „црната зона“ во битката за опстанок во лигата, поради што денешната дирекна пресметка во 14. коло од Првата лига и тоа како значи за двете екипи.

Пелистер во Скопје доаѓа без досегашниот тренер Зоран Штерјовски кој се раздели со клубот, предводен од Капинковски, но со желба конечно за бодови. По ремото против Беласица, пак, и Работнички отворено мора да атакува на трите бода.

Вардар нанижа две победи, првпат сезонава, против Борец и Академија Пандев, па дополнително мотивиран патува во Кратово на пресметка со Силекс. Јасно е дека натпреварите на овие две екипи секогаш се повеќе од интересни, посебно и сега ако се знае дека и бодовите за кратовци се повеќе од неопходни.

„Осоколени сме од двете победи против Борец и Академија Пандев. Иако Силекс е квалитетен тим ние одиме по три бода и во Кратово. Имаме проблеми со ситни повреди кај некои фудбалери и најверојатно Дарко Мицевски и Бојан Најденов повторно ќе бидат надвор од тимот. Сепак и покрај малите проблеми кои ги имаме ние одиме на три бода и на овој меч“ – вели тренерот на Вардар, Александар Васоски.

ПРВА ЛИГА – 14. коло (денеска, 13 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА

Скопје: ШКУПИ – БЕЛАСИЦА

Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ

Се вчитува...