Работнички и Победа бараат прв пролетен триумф

Работнички не го стартуваше пролетниот дел од првенството во Првата лига според посакувањата. На два меча на домашен терен двапати ремизираше, па како и што напомена тренерот Жикица Тасевски, сега ќе мора да ’лови’ бодови на гости за да се врати во посакуваниот ритам.

„Ќе мора да бидеме упорни, да одиграме многу подисциплинирано и да сме фокусирани на освојување на бодовите“, порача тренерот на „романтичарите“.

Победа се наоѓа во незавидна позиција, на последното место на табелата и секој меч им е решавачки во битката за опстанок во елитата. Прилепчани исто така посакуваат прв пролетен триумф, иако ќе бидат домаќини во Кичево.

ПМФЛ – 21. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ

Тетово: ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА

Кичево: ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ

Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА

Се вчитува...