Работнички има +2 на полувремето со Тиквеш, Шкупи води на Автокоманда (ВИДЕО)

Работнички е пред првата победа во сезоната, после трите порази во стартните три кола. „Романтичарите“ имаат предност од 2-0 на полувремето со Тиквеш, со головите на Рушевиќ и на Гандо. Тиквеш имаше една прилика, но не ја искористи.

На дербито во Струмица, Струга и Шкендија играат без голови. Тетовци се со голема среќа, откако Струга ја погоди пречката. Тетовци играат и со играч помалку по исклучувањето на Клисман Цаке.

Во Штип исто така е без голови на дуелот Брегалница – Македонија ЃП. Двата тима имаа по една сериозна шанса, но голманите Шчекиќ и Стевковски беа на висината на задачата.

На Автокоманда, очекувано, водство има тимот на Шкупи над Скопје. Стрелец на голот беше Хамиди, откако одлично се снајде во шеснаесетникот на домашните и погоди во голот.

Се вчитува...