Сензација: Работнички поразен и од вториот тим на МЗТ Скопје

Кошаркарите на Работнички вечерва имаа непријатно изненадување од МЗТ Скопје 2, откако гостите одиграа супериорен натпревар кој резултираше со победа од 87-89. во 12. коло од кошаркарската прва лига на Македонија. Гостите одиграа солидно прво полувреме по кое на пауза заминаа со предност од 44-49.

Клучен во мечот беше четвртиот период во кој домаќините не успеаја да ја задржат минималната предност, па откако ја загубија концентрацијата во нападот и одбраната следуваше казна од гостинскиот тим. До крајот немаа сила за целосно да се вратат во мечот што резултираше со пораз за крај на оваа 2021 година.

Кахем Рансом со 21 поен беше прво име во таборот на гостите, додека кај домаќините Џексон Пол заврши со 28 поени.

Ова беше само втор триумф за младите „штркчиња“ сезонава, резултат што сигурно ќе биде мотив повеќе за избраниците на тренерот Нешовиќ во борбата за опстанок во преостанатиот дел од сезоната.

Се вчитува...