Работнички ја доби драмата со Еуроникел во Кавадарци

Кошаркарите на Работнички успеаја да ја добијат битката со Еуроникел во Кавадарци, и се искачија на втората позиција на табелата во Првата лига.

Двата тима се менуваа во водство, за Работнички да ја има предноста во поголемиот дел од последниот период. Во последната минута се влезе со резултат 88-88, а потоа Работнички беше поконцентриран во серијата на „тајм-аути“, па дојде до 88-92, за на крај Еуроникел да намали и гостите да дојдат само до минимална победа.

Дубински од Еуроникел беше најефикасен со 19 победи, додека кај Работнички блескаше Рикиќ кој имаше 18 поени и 14 скока.

Се вчитува...