Работнички ја победи Слобода за крај на регуларниот дел од АБА2-лигата

Кошаркарите на Работнички со победа го завршија регуларниот дел од сезоната во АБА2-лигата. Тимот од Градски парк во последното коло триумфираше убедливо против Слобода Ужице со 87-77, но тоа не го промени пласманот на табелата за Работнички кој ќе игра во плејаутот од регионалното натпреварување.

Уште од самиот почеток на дуелот македонскиот тим поведе, добивајќи ја првата четвртина со 27-16, а потоа контролирајќи го резултатот постојано се зголемуваше предноста до финишот. На крајот македонскиот тим се олабави дозволувајќи им на противничките кошаркари да дојдат до подносливи десет поени разлика, за конечни 87-77.

Најдобар кај Работнички беше Младеновски со 20 поени и одлични 17 скока, Торнтон постигна исто така 20 поени а Питс натпреварот го заврши со 18 постигнати поени.

Во составот на Слобода Ужице, Чубиќ заврши со 17 поени, а по 12 поени запишаа Тадиќ и Чворовиќ.

 

 

Се вчитува...