Работнички ја „почести со 100“ ФМП Академија

Кошаркарите на Работнички на убедлив начин триумфираа над ФМП Академија со 100-77 во премиерниот натпревар од 7. коло во кошаркарската лига на Македонија. Центарци уште од самиот старт тргнаа фуриозна и веќе по десет минути игра имаа предност од 31-20.

Како се ближеше крајот на првиот дел разликата само се зголемуваше, а на полувреме Работнички замина со позитива од 22 поени (59-37). Избраниците на Тони Симиќ до крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 100-77.

Џексон Пол изигра симултанка против „пантерите“ постигнувајќи 35 поени, додека одличен беше и Мустафица кој заврши со 29 поени. Кај поразените Стефан Крстајиќ уфрли 16 поени.

Се вчитува...