Работнички ја прекина лошата серија и прв го освои Штип (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички пред денешното гостување немаше победа во последните четири натпревари, додека Брегалница немаше пораз на домашен терен. Така што според традицијата, Брегалница беше благ фаворит.

Натпреварот во Штип беше решен во вториот дел. За само четири минути, во 56. и во 60-тата минута, Работнички постигна два гола во мрежата на Денковски. Ристевски и Тодоровски донесоа 0-2, а на Брегалница и требаше брз гол за да се врати во мечот. Го постигна во 65. минута преку Манев, и имаа 25 минути да го избегнат поразот.

Но, „романтичарите“ успеаја да се одбранат и на крајот да ги освојат трите бода. Да ја прекинат серијата од четири меча по ред без триумф, а на Брегалница да и го нанесат првиот овосезонски пораз на свој терен во Штип.

Се вчитува...