Работнички категорично ги демантира пишувањата за било каква вмешаност во „местенки“

Скандалот во Белгија по апсењето на бројни лица поврзани со местење натпревари и фалсикување финансиски трансакции при трансфери на фудбалери, без сомнение длабока ја инволвира и македонската фудбалска јавност по информациите дека е извршен сериозен претрес и кај двајца македонски државјани кои се под истрага.

Меѓу бројните информации, проверени и непроверени во етерот, дел од македонските медиуми пренесоа и за наводна мината вмешаност на ФК Работнички во недозволени активности со местени натпревари, што од канцеларијата на „романтичарите“ категорично го демантираат.

„Работнички категорично ја демантира веста дека е вметнат меѓу клубовите кои биле гонети за „местенки“. Таквите вести содржат невистини кои сериозно го нарушуваат угледот на Работнички, а може и да го загрозат присуството на моќните спонзори како компанијата „Сеавус“. За сите такви невистините информации во иднина ФК Работнички ќе биде приморан да преземе правни мерки за докажување на вистината“ – се вели меѓу другото во реакцијата на официјалната интернет страница на ФК Работнички а потпишана од претседателот, Драган Поповски.

Се вчитува...