Работнички ќе ја брани честа против Хелиос

Во вториот натпревар од „балонот“ во Златибор, Работнички силите ќе си ги одмери со словенскиот претставник Хелиос со почеток од 21 часот, натпревар во кој избраниците на Мираковски ќе се обидат да ја пренесат играта од последните десет минути од натпревар против Борац Бања Лука и стигнат до четвртата победа на „Јадранот“.

Македонскиот најтрофеен клуб е без шанси за пласман во разигрувањето за титула во АБА2 лигата, но „црвено-белите“ имаат можност да го избегнат плејаутот со пласман на деветата или десетата позиција на табелата. За тоа е неопходна победа на денешниот натпревар, во кој центарци мораат да одат на „се или ништо“.

Двата тима негуваат ист стил на кошарка со голем број на обиди за три поени, па расположението ќе биде од клуч на денешниот меч. Работнички и покрај скратениот ростер на овој натпревар ќе ја има фаворитската улога против „фенерџијата“ кој досега забележа само една победа во натпреварувањето.

Се вчитува...