Работнички ќе ја одбележи „CAFE week of action 2019“ на мечот против Академија Пандев

Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички в недела ќе го пречека тимот на Академија Пандев во 22.коло од Првата лига, а како еден од водечките клубови во државата што покажува општествено – социјална одговорност ќе организира дополнителни активности за одбележување на „CAFE week of action 2019“.

На мечот против Академија Пандев, како што истакнува клубот од Дебар Маало, ќе присуствуваат деца со попреченост од асоцијацијата „Ластовица“ во придружба на играчите при излегување на теренот. Исто така деца глуви и наглуви од ДУЦОР „Партение Зографски“ ќе бидат во придружба на играчите при излегување на терен и пасивни учесници во додавањето топки на натпреварот, заедно со децата од младинската академија на ФК Работнички.

Се вчитува...