Работнички ќе плати 89.000 денари за инцидентите на своите навивачи

Кошаркарскиот клуб Работнички го заврши настапот во полуфиналето од кошаркарскиот плејоф, а „центарци“ згора на тоа ќе треба да платат и огромни 89.000 денари поради инцидентите што ги направија нивните навивачи за време на двете пресметки со МЗТ Скопје. Приврзаниците на „црвено-белите“ ќе платат 40.000 денари за случувањата на првиот меч во СЦ „Јане Сандански“, како и дополнителни 49.000 денари за дуелот на кој тие беа домаќини во СРЦ „Кале“.

За одбележување е дека од оваа сума, Работнички ќе плати 1.000 денари за немање на лице за бришење на под, нешто што беше неопходно во моментите кога навивачите фрлија огромно количество на хартија на теренот, па мечот мораше да биде во прекин.

Наспроти Работнички, шампионот МЗТ Скопје ќе треба да плати вкупно 34.000 денари, од кои 10.000 за палење на чадни бомби на мечот во Аеродром и 16.000 за фрлање петарди и чадни бомби и 8.000 за неспортско навивање на фановите во СРЦ „Кале“.

Се вчитува...