Работнички лесно против „фенерџијата“ Астраион

Ракометарите на Работнички остануваат во игра за опстанок во Суперлигата, откако во 11. коло од плеј-аут фазата го совладаа на гостински терен „фенерџијата“ Астраион со 18-24. Скопскиот тим уште од самиот старт на мечот влезе во фуриозен ритам дозволувајќи му на противникот само шест гола во првите 30 минути (6-13).

Во вториот дел Работнички само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 18-24. Лука Вујовиќ и Тоше Ончев со по седум гола беа први имиња кај победникот, додека кај поразените се истакна Марко Стојанов со пет гола.

Се вчитува...