Работнички минимално поразен од Црвена Звезда (2-1)

Македонскиот прволигаш Работнички доживеа пораз (2-1) од српскиот првак Црвена Звезда во генералниот тест на зимските подготовки во Анталија. Баже Илијоски имаше можност да донесе водство од пенал, но голманот на Црвена Звезда го одбрани ударот од белата точка.

„Романтичарите“ поведоа со голот на Дејан Блажевски во 41.минута. По еден противнапад, тој успеа да ја затресе мрежата на голмамот Поповиќ. Само две минути подоцна, Црвена Звезда дојде до израмнување. Вукановиќ одлично скокна по корнерот и со удар со глава постигна погодок.

По десет минути во вториот дел, српскиот првак направи целосен превсрт. По акцијата на Вукановиќ и на Симиќ, топката дојде до Ебисилио, кој успеа со прецизен удар да ја погоди мрежата на Работнички.

Тренерот Жикица Тасевски го почна натпреварот со следниот состав: Божиновски, Силјановски, Димитровски, Вјачки, Херера, Петровиќ, Пеев, Кабрал, Петковски, Илијоски, Блажевски.

 

Се вчитува...