Работнички му се заблагодари на Станиќ, Бојан Маркоски пред промоција за нов тренер

Со крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига заврши и соработката меѓу Работнички и досегашниот шеф на стручен штаб, Горан Станиќ.

Како што е познато, согласно договорот уште од почетокот на актуелната календарска година, Станиќ соработката ја завршува со крајот на сезоната во Првата лига. Станиќ е веќе назначен за селектор на младата репрезентација до 21 година, и од денес ќе мора да се посвети само на селекторската функција.

Од ФК Работнички денеска и официјално му се заблагодарија на Станиќ за досегашната меѓусебна соработка.

Како најсериозно име за тренерската функција, се споменува екс фудбалерот на оваа екипа, Бојан Маркоски. Маркоски досега ја извршуваше функцијата на помошен тренер. Маркоски работеше како помошник и во АЕЛ Лимасол од Кипар, а беше и В.Д. тренер на Етникос Ахна во сезоната 2020/21, откако претходно му беше асистент на поранешниот селектор Чедомир Јаневски.

Се вчитува...