Работнички на 18. јуни на тест против Славија во Софија

Екипата на Работнички ја закажа и првата контрола за време на летните подготовки пред стартот на натпреварите во квалификациите за Лигата на Европа.

Првиот тест натпревар за избраниците на Ѓоре Јовановски ќе биде на гостувањето во Софија на 18. јуни против бугарскиот прволигаш Славија Софија. „Романтичарите“ се одлучија да ја прифатат поканата за гостување во Бугарија како најава потоа за главните подготовки во Терме Чатеж, Словенија.

Како што е познато, собирот на Работнички за стартот на подготовките за новата сезона е закажан за 11. јуни.

Се вчитува...