Работнички нагази на мина во Гостивар

Актуелниот шампион Работнички го доживеа третиот пораз во сезоната, откако загуби со 80-70 на гостувањето кај Гостивар. Тимот на Марин Докузовски не успеа да го сопре домаќинот со својот најсилен сегмент, цврстата одбрана дозволувајќи му да постигне дури 80 поени. Тоа е доволен доказ дека составот од Градски парк не беше на потребното ниво.

Воведната четвртина заврши 17-17, но веќе на одморот Гостивар замина со пет поени предност (42-37). По третиот период избраниците на Марјан Србиновски имаа осум поени позитива и успеаја да заокружат на „десетка“ до крајот на мечот.

Тенксли Ефианаи со 22 поени доминираше во победничкиот тим, а Џозеф Фустингер постигна 17. кај Работнички, Чавдар Костов беше стрелец на 16 поени, а по 13 постигнаа Димитар Караџовски и Бобан Стајиќ.

Се вчитува...