Работнички не е салон за слабеење – отказ за „дебелкото“ Вашингтон

Работнички мака мачи со повредени кошаркари, но тренерот Докузовски и клупската управа сепак решија да ја прекинат соработката со Дариус Вашингтон. Американецот пристигна во последниот ден од преодниот рок и требаше да биде засилување за плејмејкерската позиција, но во таборот на „црвено-белите“ беа шокирани кога тој дојде со дваесетина килограми повеќе од очекуваното.

Вашингтон настапи на последните средби, физичката неподготвеност беше и повеќе од очигледна, по што Работнички реши експресно да ја прекине соработката со него.

„Дефинитивно се разделуваме од Вашингтон. Треба да се средат уште некои детали околу раскинот на договорот, но тој нема да настапи на денешниот дуел со Куманово“ – истакнаа од КК Работнички за ЕКИПА.

Се вчитува...