Работнички не отпатува за Бања Лука, двајца позитивни на Ковид-19

Кошаркарите на Работнички не отпатуваа денеска за Бања Лука каде од утре требаше да бидат дел од вториот турнир во АБА2 лигата.

Поради двајца позитивни кошаркари на Ковид-19 откажан е патот за Бања Лука. Од таборот на тимот од Градски парк нема информација дали се планира дополнителен термин за патување, па сосема е извесно дека вториот АБА2 турнир ќе мине без Работнички.

Вториот македонски претставник МЗТ Скопје веќе пристигна во Бања Лука. Во вторник е закажан првиот натпревар на „металците“.

Се вчитува...