Работнички не сака да игра во АБА2?

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички не прифатил да биде дел од АБА2 во новата сезона пренесуваат медиумите од регионот. Работнички повторно има опција да биде дел од второто по ранг регионално натпреварување, но клубот од „Градски парк“ сепак се одлучил да не биде дел од АБА2. Поради традиционалната пасивност на управата кај „центарци“ која трае со години наназад не се знае кој може да потврди или да демантира информации за плановите за следната сезона.

МЗТ Скопје Аеродром најверојатно ќе се пресели во АБА1 како замена за словенечката Приморска која поради финансиски проблеми не доби лиценца за настап во Словенија и речиси сигурно ќе се пресели во најнизок ранг на натпреварување.

Допрва ќе се знае дали Македонија ќе има учесници во АБА2. Гостивар и Куманово покажаа заинтересираност, но досега тоа барање е само на зборови и ниту еден од двата клуба нема покренато сериозна активност за вклучување во ова регионално натпреварување.

Се вчитува...