Работнички не запира, Гостивар лесен плен

Кошаркарите на Работнички продолжуваат со импресивната серија што трае од самиот почеток на сезонава, бележејќи ја вкупно 24. победа во низа, втора во Супер-лигата. Гостивар вечерва гостуваше во „Градски парк“ и немаше никакви шанси против лидерот, кој благодарение на цврстата одбрана триумфираше со убедливи 71-57.

Гостиварци одлично парираа само во првата четвртина, што заврши со израмнети 21-21. Сепак, потоа Работнички заигра многу подобро во дефанзива, па гостите во следните две четвртини постигнаа вкупно ист број поени како во првите десет минути (седум во вториот, 14 во третиот период). Прашањето на победникот беше решено, па избраниците на Докузовски рутински го довршија мечот за конечна победа од 14 поени разлика.

Чавдар Костов постигна 16, а Гинјард 13 поени за „црвено-белите“, додека кај Гостивар најдобар стрелец беше Зекири со 11 поени.

Се вчитува...