Приоритет за Работнички летово ќе биде чистење на големите долгови од изминатите години, но „центарци“ веќе почнаа и со планирање на тимот за наредната сезона.
Прво засилување за „црвено-белите“ е Фатјон Реџа, а договорена е соработката и со американски поентер добро познат во мак-баскетот.
Станува збор за Дарин Говенс, искусниот Американец кој неколку години со голем успех ги бранеше боите на ТФТ. Говенс дури и беше малцински акционер во клубот од Тафталиџе, но неодамна објави дека го напушта финалистот на АБА2 лигата.
Со оглед на тоа што е македонски зет, логична е одлуката на овој искусен играч да остане во нашиот шампионат до крајот на кариерата. Условите со Работнички се начелно договорени и се чека само официјалната потврда, со што Говенс ќе биде еден од лидерите на тимот предводен од Владимир Мирковски во сезоната 2026/27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
