Работнички официјално го промовираше Мики Петровиќ (ФОТО)

Работнички и официјално го промовираше поранешниот македонски репрезентативец Милован Петровиќ како свое седмо засилување во зимскиот преоден рок.

28-годишниот Петровиќ, всушност повторно се враќа во редовите на „романтичарите“ каде настапуваше од 2010 до 2016 година, сега потпишувајќи едногодишен договор до јануари 2020 година.

Петровиќ во Работнички се враќа по двегодишни настапи за хрватскиот прволигаш Осијек. Претходно, во својата кариера, има настапи и за кавадаречки Тиквеш и прилепска Победа. Има девет настапи за младата репрезентација и шест официјални настапи за сениорската селекција на Македонија.

Како што е познато, претходно „романтичарите“ се засилија и со бразилскиот интернационалец Асуерио Барбоса де Соуса Јуниор, како и Баже Илијоски, Дејан Блажевски, Николај Дилгеров, Емил Вијачки и Жунињо Кабрал.

Се вчитува...