Работнички останува без Чарлс Гофри: Скендербег сака да го врати од позајмицата!?

Работнички би можел да биде без нигерискиот напаѓач Чарлс Гофри во квалификациите за Лигата на Европа. За Гофри вчера заврши позајмицата во редовите на „романтичарите“ од Скендербег, а според последните информации желбата на албанскиот прволигаш е да го врати во своите редови за следната сезона.

По суспензијата од УЕФА, Скендербег остана без добар дел првотимци од минатата сезона па како што информираат од клубот желбата сега е да ги вратат во своите редови сите фудбалери кои изминатава сезона беа на позајмица низ клубови во Албанија, Косово и Македонија.

Сепак, наредниве денови, како што пишуваат албанските медиуми, останува финализација на договор меѓу двете страни по што и дефинитивно ќе биде познато дали Гофри и следната сезона ќе остане во Работнички.

Чарлс Гофри вчера го постигна единствениот погодок за „романтичарите“ во ремито против Домжале на подготовките во Словенија.

 

Се вчитува...