Работнички „пецка“ пред финалето: Ги плати ли МЗТ парите што ги должеше ?

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, Работнички во пресрет на стартот на финаланта серија повторно ја отвора темата околу долговите на МЗТ Скопје Аеродром кон КФСМ која ја иницираше и на почетокот на Супер-лигата. МЗТ достави банкарска гаранција и доби можност да плати на рати, заедно со сите останти клубови должници. Работнички сега прашува дали МЗТ конечно испалтил се што должел.

„Кошаркарскиот клуб Работнички денес повторно испрати барање до КФСМ и до комесарот за натпреварување  дали се исполнети условите за одржување на финалето. Ние како клуб, Работнички, прифативме да ни биде суспендирана салата, прифативме да не се регистрираат странци поради  доцнење само на еден документ и ги плати сите обврскипрема МКФ. Ве молиме како КФСМ да ни одговорите дали и нашиот противник ги има средено,подмирено, сите свои обврски пред се давачки кон МКФ за да знаеме дека сите сме во рамноправна позиција. Доколку нашиот противник не си ги подмирил или не ги испочитувал одредени обврски ве молиме да постапите согласно правилниците и правните акти.Ве замолуваме како федерација да се реши ова и да ни одговорите и притоа да Ве потсетиме во Вашето претсавување на кандитатурата за ново раководство во оваа федерација ветивте фер и рамноправен третман кон сите клубови“ – стои во соопштението од Работнички.

Финалната серија меѓу Работнички и МЗТ почнува утре.

 

 

Се вчитува...