Работнички го декласираше Кожув со 88-56 забележувајќи ја втората победа во суперлигата во домашното првенство. За избраниците на Марин Докузовски не беше проблем и податокот што домашниот меч го играа во салата Младост во Гостивар.
Во првата четвртина Кожув успеа да му парира на тимот од „Градски парк“ завршувајќи 21-15. Втората четвртина беше клучна во победата на Работнички, во која со одлична игра во одбраната и примени само 8 поени, на полувреме се замина со резултат 44-23. Второто полувреме беше само рутина. Предноста само се зголемуваше, за конечни 88-56.
Најдобар поединец во победничкиот тим беше Бобан Стајиќ со уфрлени 18 поени, надополнети со 6 асистенции и 4 скока, додека во тимот на Кожув најефикасен беше Пејн со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА