Работнички покажа кој е шампион (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички играше топло-ладно во текот на Супер-лигата, шампионот „скиташе“ како домаќин низ Македонија, но јасно беше од претходно – кога ќе дојде плеј-офот, Марин Докузовски ќе знае како да го извлече максимумот од својата екипа. Го видовме тоа и вечерва во СЦ „Борис Трајковски“, откако Работнички ја надигра Блокотехна и заслужено поведе со 1-0 во полуфиналната серија.

Двата порази во Супер-лигата од денешниот ривал беа само мотив повеќе за актуелниот првак, да ја крене својата игра на едно повисоко ниво за кое гостите од Гевгелија вечерва немаа одговор. Докузовски повторно извади „џокер од ракавот“, овојпат тоа беше ветеранот Чековски, кој доминираше во рекетот и беше најзаслужен за победата, потсетувајќи на најдобрите времиња од својата кариера.

 

Се вчитува...