Работнички покажа сила и карактер, но Гостивар има свој адут за мајсторката (Фотогалерија)

Работнички со извонредна игра го совлада Гостивар со убедливи 80-53, изборувајќи се за мајсторка во четвртфиналната серија од кошаркарскиот плејоф. Соочени со незгодна ситуација во која пораз ќе значеше и елиминација, „центарци“ одиграа беспрекорно во одбраната, а во прилог им одеше и очајниот шут од далечина на гостите (една погодена тројка од 23 обиди).

Избраниците на Мираковски покажаа квалитет и карактер, но тоа ќе им биде ставено на нов испит на мајсторката викендов. Самоз а потсетување, Гостивар е единствениот тим без домашен пораз во мак-баскетот сезонава, „пулените“ на Малинков играат многу подобро во својата сала отколку на гостувањата, па ќе биде интересно да се види која од овие две екипи ќе се пласира во полуфиналето, каде ќе ја очекува дуел со шампионот МЗТ Скопје.

 

Се вчитува...