Работнички поразен и од Раднички Ниш (0-3)

Македонскиот претставник во Лигата на Европа, тимот на Работнички, доживеа уште еден убедлив пораз на подготовките во Словенија. Избраниците на Ѓоре Јовановски загубија со 0-3 од српскиот прволигаш Раднички Ниш. „Романтичарите“ очигледно дека се уште ја бараат формата во пресрет на дуелите против унгарскиот тим Хонвед во првото коло во квалификациите за Лига Европа.

Раднички по првиот дел имаше водство од 0-1 со голот на Хаскиќ, а во второто полувреме за српскиот тим стрелаа и Нома и Саша Стојановиќ.

 

Се вчитува...