Работнички поразен од Луфтетари

Македонскиот прволигаш Работнички доживеа пораз (1-3) од албанскиот тим Луфтетари на тренинг натпревар што денеска се одигра во Терме Чатеж. Како што информира клубот на својот официјален сајт, на полувремето тимот на Луфтетари имал водство од 1-2, а стрелец за „романтичарите“ бил Филип Петковски.

Во вториот дел, Чарлс Гофри не успеал да реализира пенал, а Луфтетари со трет погодок го потврдил триумфот.

Се вчитува...