Работнички поразен од Раднички Ниш

Македонскиот прволигаш Работнички доживеа убедлив пораз (3-0) од Раднички Ниш на пријателскиот натпревар во Србија. На стадионот Чаир, домаќинот прикажа подобра игра и оствари триумф. Синиша Бабиќ донесе водство за домаќинот уште во третата минута, на стартот од вториот дел Саша Стојановиќ беше стрелец на вториот гол, а Марко Митровиќ во финишот го постави конечниот резултат.

Работнички не беше комплетен, недостигаа младинските репрезентативци, како и неколку повредени играчи, а за првпат по враќањето во клубот настапија новите засилувања, Владимир Димитровски и Благоја Тодоровски.

Тренерот Ѓоре Јовановски го стартуваше мечот со следниот состав: Божиновски, Најдовски, Димитровски, Борха, Херера, Стјепановиќ, Пеев, Тодоровски, Бопеску, Недељковиќ, Ф. Петковски.

Се вчитува...