Работнички потпиша едногодишен договор со Остоја Стјепановиќ!

Екипата на Работнички за новата сезона во домашниот шампионат се засили и со македонскиот репрезентативец Остоја Стјепановиќ, кој потпиша едногодишен договор за соработка со клубот од Дебар маало.

Искусниот Стјепановиќ треба да биде големо засилување во средниот ред за тимот на Виктор Треневски во новата натпреварувачка сезона.

„Добиваме навистина квалитетно засилување со репрезентативецот Стјепановиќ кој искрено се надевам ќе ни помогне да стигнеме до нашите цели и амбиции во новата сезона“ – истакна по промоцијата претседателот на Работнички, Драган Поповски, за официјалната интернет страница на клубот.

Задоволство од новиот ангажман истакна и 32-годишниот Стјепановиќ.

„Доаѓам во клуб со високи амбиции, сигурно еден од најдобрите на домашната фудбалска сцена. Лесно постигнавме договор со раководството на клубот за идна меѓусебна соработка. Верувам дека во иднина ќе продолжат резултатските успеси на тимот, како и досега“ – вели Стјепановиќ.

Претходен клуб на Остоја Стјепановиќ беше полскиот Сласк Вроцлав, а во својата богата кариера има настапувано и за Македонија ЃП и Вардар во Македонија, како и српските Партизан, Чукарички и ОФК Београд, австрискиот Матерсбург, Висла Краков во Полска како и АЕЛ Лимасол на Кипар.

Се вчитува...