Работнички потврди: Милан Илиевски нов тренер, Илијоски во стручниот штаб

Согласно најавите на ЕКИПА од вчера, Работнички го именува Милан Илиевски за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа во тандем со Баже Илијоски кој ќе биде негов прв асистент. Тие од утре ја преземаат должноста и ќе го одржат првиот тренинг со тимот, соопшти клубот од „Дебар Маало“. Поранешните истакнати фудбалери на Работнички сега се враќаат во нова улога.

Во стручниот штаб на Милан Илиевски ќе бидат и Теодор Терзиев како кондициски тренер и Филип Ивановиќ кој ќе продолжи да работи со голманите.

Милан Илиевски беше дел од стручниот штаб на Игор Ангеловски во А-репрезентацијата на Македонија која успеа да обезбеди пласман на Европското првенство 2020 година. Илиевски дебито на клупата ќе го има на натпреварот против Брегалница во Штип следниот викенд.

Практично своето тренерско деби ќе го има против Илчо Ѓорѓиоски, неговиот поранешен тренер во Македонија ЃП и во Вардар.

Се вчитува...