Работнички потврди: Тодоровски од Шкендија на позајмица меѓу „романтичарите“

Македонскиот прволигаш Работнички доведе уште едно засилување. Благоја Тодоровски, како позајмен играч од Шкендија, ќе настапува во дресот на Работнички во првиот дел од сезоната. Тој беше дел од „романтичарите“ од 2011 до 2015 година, а потоа се пресели во редовите на Шкендија. Со согласност на двата клуба, фудбалерот повторно ќе заигра за Работнички.

Тимот на Ѓоре Јовановски по првите четири кола се наоѓа на првото место на табелата во Првата лига, а во следното коло после репрезентативната пауза ќе игра токму против Шкендија во Тетово.

Се вчитува...