Работнички пресилен за Вардар, шампионот броеше до 107

Кошаркарскиот првак на Македонија, Работнички врза две последовни победи, по единствениот неуспех сезонава во домашниот шампионат триумфрајќи убедливо над Вардар со 107-89 во завршниот натпревар од 10.коло.

Работнички не остави дилеми околу победникот, направи опиплива предност уште во воведната четвртина, Вардар го доби минимално само вториот сегмент, но беше далеку од вистинска конкуренција за фаворитот. Со оглед на убедливата предност, тренерот на Работнички, Марин Докузовски им даде шанса на помладите играчи.

Бојан Крстевски со 22 поени беше прв стрелец кај Работички, Џуниус Провел постигна 36 поени и беше најефикасен на средбата.

За Работнички ова е осма сеознска победа. Со неа е на вторто место на табелата зад лидерот Блокотехна која има натпревар повеќе. Вардар го претрпе седмиот сезонски пораз и е на деветтото место на табелата.

Се вчитува...