Работнички продава: Најденов во Смуха, Сахити во Скендербег

Работнички пред крајот на преодниот рок продаде двајца фудбалери, Суад Сахити својата кариера ја продолжува во Скендербег, додека Бојан Најденов се сели во Египет и ќе настапува за екипата на Смуха.

Сахити една година наназад беше поврзуван со трансфер во Скендерберг, за истиот да биде реализиран летово, со што овој фудбалер ќе биде засилување за претстојните настапи во групната фаза од Лигата на Европа. Покрај крилниот офанзивец од таборот на „романтичарите“ си замина и Бојан Најденов, кој кариерата ќе ја продолжи во далечниот Египет.

Смуха, клуб што ја заврши ланската сезона на одличното петто место, се договори со раководството на Работнички околу висината на отштетата, по што Најденов го прифати предизвикот за трансфер во странство.

Се вчитува...