Работнички продолжува со шампионскиот ритам, Фени рутински против Шкупи

Кошаркарскиот шампион на Македонија, Работнчки останува со само еден сезонски пораз и по 14.коло во домашното првенство во кое забележа гостински триумф во Гевгелија над Кожув со 84-73.

Со предноста од 16 поени што ја одработи во првото полувреме, Работнички беше сигурен до победата иако во второто полувреме, Кожув ги доби двете четвртини.

Чавдар Костов со 24 поени го предводеше Работнички до новата победа, Караџовски постигна 14, Мираковски 14 поени. Игор Кесар со 20 и Никола Караколев со поен помалку беa нaјдобрите стрелци во тимот на Кожув.

Екипата на Фени индустри е се посигурна на позициите кои обезбедуваат место во Суепр-лигата, им се врати на победите откако во 14.коло немаше многу тешка задача бидејќи се соочи со последнопласираниот Шкупи и славеше со 101-78.

Кавадаречкиот состав беше сигурен во пресметката, Шкупи единствено ја доби третата четвртина со 20-19, сие останати му припаднаа на Фени кој ја забележа осмата победа во оваа сезона. Шкупи останува без победа. Филип Бакоч со 32 поени го предводеше Фени до победата, Љупчо Мелов постигна 25 поени. Стефан Цариќ кај Шкупи постигна 19 поени.

Оваа рунда ќе биде комплетирана утре со натпреварите Куманово-Охрид и Пелистер-Блокотехна.

Се вчитува...